Боранија со телешко месо

Боранија со Телешко Месо

Боранија со Телешко Месо е одличен избор за летниве денови може да се најди секаков вид Боранија на Пазарите и многу ЗДРАВА E.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 600 гр Боранија по избор
– 400 гр Телешко Месо
– 2 Kромида стредна големина
– 1 Морков
– Масло,Сол,Бибер, Вегета
– 1 Лажица Брашно
– 1 Лажица Пипер благ
– 2 Лажици Пире од Патлиџани
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
– 1 Боранијата да се измие, очисти и да се иситне на помали делови одприлика 2 до 3 цм.
– 2 Кромидот  да се иситне и да се стави во Масло да добие жолтеникава боја и да се додаде Морковот.
– 3 Телешкото месо исецкајте го на коцки 3 до 4 цм и додадете ги во Кромидот па зачинете ги малку и продинстајте ги и додавајте по малку вода се додека не омекне.
– 4 Кога месото че смекне додадете ја Боранијата и кувајте ги заедно 50 минути со додавање на вода.
– 5 Кога месото че биде скувано додадете им го пирето од патлиџан.
– 6 Со брашното и пиперот можете по желба да направите традиционална запршка или да ги измешате со вода и да им ги додадете.
– 7 Пробајте го дали е укусно па додадете по потреба сол и други Мирудии по желба. Јадењето не треба да биде многу Чорбасто туку да има малку течност за да се јаде со Лажица. Најдобро е да се послужи после 10 минути ладење.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento