Боранија со Јагнешко Македонски специјалитет

 

Боранија со Јагнешко Македонски специјалитет

Состојки

  • 1 кг Јагнешко месо без коски
  • 1 кг Свежа Боранија
  • 4 Моркови
  • 1 Голем Кромид
  • 2 чешнина лук
  • 6 лажици пире од домати
  • Масло, Сол, Вегета, Бибер и Мајчина душа

Начин на Приготвување

  1. Ова јадење е типично Македонско јадење затоа што знаеме дека кај нас народот е љубител на јадења со ЛАЖИЦА
  2. Месото исечете го на ситни коцки од 3цм ставете го во лонец со загреано Маслиново масло може и обично, посолете го и динстајте го.

  3. Кромидот, Морковот и Лукот очистете ги и исечете ги на ситно па така додате ги во месото најпрво Кромидот па Лукот па Морковот и сето динстајте го малку потоа додајте вода колку да се прекрие и кувајте го на тивко околу половина саат.
  4. Во меџувреме очистете ја Боранијат и измијте ја па пресечете ја на полмали парчина околу 3цм долги,така очистени после половина саат додајте ги кај месото а исто и пирето од домати сето тоа заедно кувајте го еден саат за да биде убаво сварено и Јагнешкото а и боранијата.

  5. Пред крај проверете дали е доволно солено и додајте по желба вегета и бибер
  6. кога сето е убаво сварено можете по желба да направете запршка но без кромид. Во тавче зоврите масло додајте 1 лажица брашно и пола лажица црвен пипер промешајте и додадете го во варивото НАЗДРАВЈЕ
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento