Гравче Тавче најстар Македонски рецепт

 

Гравче Тавче најстар Македонски рецепт

Гравче Тавче најомилено Македонско јадење за сите времиња 

Состојки

  • 1 кг Грав
  • 1 кг Телешко Месо без коски
  • 1 Кромид
  • 1 Лажица Брашно
  • 1,5 Лажица Пипер
  • 1 чешне Лук
  • Сол, Вегета, Магданос

Начин на Приготвување

  1. Гравот убаво очистете го и ставете го во тенѓере со вода од вечер до сабајле да кисне

  2. Сабајлето исцедете ја водата од Гравот и додадете друга вода па ставете го тенѓерето да вари штом почне да вари смалете ја температурата и нека вари околу саат и половина со додавање на топла вода но да нема многу вода затоа е потребно да се нагледува.
  3. Месото исечете го на парчина по желба 
  4. Во едно Тенѓере ставете малку масло да се прекрие дното па додајте го ситно исецканиот Кромид и Лук па динстајте го да почне да засветува кромидот и додјте го месото па посолете го и додајте Пипер и вегета па динстајте да се смени бојата на Месото додајте малку вода и на тивко оставете го да вари еден час со додавање на врела вода.
  5. После еден чаас Гравот додадете го во Тенѓерето со Месо и да варат заедно уште половина саат.
  6. Во едно Тафче ставете Масло и претходно ситно исецканиот Кромид па направете запршка, рецепт за запршка можете да најдете исто на овој блог, но да пофториме значи штом кромидчето че почне да се собира се додава прво една лажица брашно и се промешува па се додава една лажица Пипер па се вади и се промешува убаво па се додава на Манџата убаво се промешува па се остава да повари и се проверува за солено и по желба се додава вегета и сол.
  7. Земете еден огнеотпорен стаклен или землјен сад тепција и прмачкајте ја со бутер па во неа сипајте го гравот и малку промешајте да биде подеднакво распореден така ставете ја тепцијата во претходно загреана ренгла на 200 степени и потпечетего половина час па извадете ја тепцијата со гравот 
  8. Оставете да олади 15 до 20 минути и можете да служете од Гравче на тавче прсти да лижиш кој пробал секогаш барал репете
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento