Зимница Руска Салата

 

испечати

Зимница Руска Салата

Зимница Руска Салата или може да се нарече салата од мешани зеленчуци која е многу укусна со сите Македонски традиционални јадења

Состојки

  • 1 кг Краставички
  • 1 кг Моркови
  • 0,5 кг Зелени Патлиџани
  • 0,5 кг Зелени Пиперки
  • 1 кг Карфиол
  • 1 кг Зелка
  • 750 мл Бела Киселина
  • 250 мл Вода
  • 150 гр Крупна Сол
  • 250 гр Шеќер
  • 0,5 л Масло
  • 1 кесичка Бибер во Зрно

Начин на Приготвување

  1. Најпрво добро измијте ги Краставичките, Патлиџаните и Пиперките
  2. Морковите измијте ги и добро очистете ги па пресечетеги на крукчина
  3. Во големо тенџере ставете ги најпрво исечените Моркови

  4. Краставичките исто исечетеги на крукчина и ставете ги изнад морковите во големото тенџере

  5. Потоа ставете ги исечканите Пиперки и Патлиџани

  6. Карфиолот очистете го и одвојте го на ситни цветови али дршката пресечете им ја и ставете ги изнад патлиџаните во тенџерето
  7. Зелката очистете ја и исецкајте ја на сито па ставете ја одозгора над карфиолот

  8. Во друго тенџере ставете ја водата и солта да се стопи па додајте ја киселината, шеќерот, маслото и биберот па кога че зоврие сипајте го изнад зеленчукот во другото тенџере да се попари
  9. Оставете го да стои 15 мин поклопено
  10. Исцедете ја течноста пофторно во другото тенџере каде ја кувафте и пофторно зоврете ја и попарете го зеленчукот по втор пат
  11. Оставете ги пофторно поклопени со поклопец 15 минути па уште еднаш исцедете ја течноста назад во другото тенџере па пофторно прокувајте ја течноста солилото.
  12. По третиот пат попарување поклопете го тенџерето и оставете го да преноќи или додека потполно не се олади.
  13. Насабајле промешајте ја салатата и полните ги теглите но не затворајте ги се до вечерта да налегни и да се додаде од течноста па затворете ги теглите
  14. Содржината на солилото е доволна за 4 до 4,5 кг зеленчук па затоа по ваш избор можете да го комбинирате зеленчукот

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*