Зимница Црвени Пиперки со Лук
Зимница Црвени Пиперки со Луке една од најомилените туршии кај Македоскиот народ
Состојки
- 10 кг Црвени Пиперки
- 1 л Киселина бела за зимница
- 300 гр Шеќер
- 200 гр Сол крупна
- 1 Конзерванс (5гр)
- 1 туфче Магданос
- 2 главици Лук
Начин на Приготвување
-
Најпрво измијте ги пиперките и осушетеги и испечетеги (Пиперките можете по ваша желба да ги излупите)
-
Пригответе го солилото така што ставете вода спрема киселината 1 спрема седум значи 7 литри вода од кои два литри ставете ги во тенџере да се подгрее со крупната сол додека не се стопи па сипајте ја во останатата вода и додајте го шеќерот и конзевансот и се добро да се промеша. Оваа смеса треба да ја приготвите 24 часа прет да почнете со слагањето на пиперките
-
Во тегла сложувајте ред пиперки и додете исецкан лук и магданос
-
Во секоја тегла ставете пластичен притискувач и наполнете ја со течноста од солилото и поклопете ја теглата.
-
како и секоја зимница така и оваа можете да ја јадете тек после 10 дена најмалце да одстои
Please follow and like us: