Италијански рецепт за Паста со Тиквици
Состојки
- 320 гр Паста-Макарони тестенини по избор
- 2 Тиквици стредна големина
- 1 чешне Лук
- 1 Морков
- Сол
- 1 Фафаронче
- Маслиново Масло
- бутер - маслац
Начин на Приготвување
-
Почнете најпрво со чистење на Тиквиците излупете ги и ситно исецкајте ги. Исто и Морковот излупете го и ситно исецкајте го
-
Во едно тенџере зовријте вода и ставете ги тестенините-Макароните да се варат
-
Во тоа време додека се варат тестенините ставете ги во една тава заедно маслиновото масло и Лукчето и Феферончето и динстајте ги 5 мин па додате им ги Тиквиците и Морковот.
-
Динстајте ги па додадете малку вода од Макароните и динстајте околу 10 минути.
-
Тестенините Макароните варете ги околу 8 до 10 минути и исцедете ги па додајте ги во тавата кај тиквиците и сето заедно мешајтего и додадете им бутер-маслац после 5 минути изгасете го оганот и продолжете да подмешувате уте 5 минути да се соединат вкусовите. Се служи одма додека е уште врено
-
Ова јадење можете да го служите заедно со печени шницли по избор Пилешки или Телешки. Кои претходно треба да ги приготвите па заедно да се послужат додека се врени.
-
НАЗДРАВЈЕ