Македонски Макарони во Рерна

Македонски Макарони во Рерна

Состојки

  • 350 гр Макарони
  • Сол
  • 500 гр Пилешки Гради
  • Сол, Бибер
  • 1 Тувче Младо Кромитче
  • Маслиново Масло
  • коцка Пилешка супа
  • 200 мл слатка павлака
  • 250 гр Мини Патлиџани (домати)
  • 100 гр изрендан Кашкавал
  • Магданос
  • 1 чешне Лук

Начин на Приготвување

  1. Во едно тенџере ставете вода со сол и кога че зоврие додадете ги макароните па прокувајте ги 5 минути.

  2. Пилешките гради исецкате ги на коцкички 3 до 4 цм посолете ги и забиберет ги.

  3. Младото кромитче исчистете го и измијте го па исецкајте го.
  4. Во една тава загрејте го маслиновото масло со лукот па кога е загреано лукот можете да го извадите и додајте ги пилешките гради па динстајте ги да зацрвенат од сите страни.
  5. Коцката супа ставете ја во 250 мл вода и прокувајте да се стопи.

  6. Младото кромитче додајте го во месото и заедно динстајте го малку па додајте ја водата од супата и слатката павлака па оставете да прокува сето да се соедини околу 6 минути.
  7. Мини патлиџаните очистете ги исечете ги на мали парченца и додајте го во месот. Макароните процедете ги и додајте ги и тие во месото па сето посолете го и забиберето го по ваш укус.
  8. Земете една огнеотпорна тепција стклена или порцеланска а може и обичен плех па премачкајте ја со масло или бутер. Сипјте го месото и макароните и одозгора прекријте го со ренданиот Кашкавал по ваш избор.
  9. Ставете го во претходно загреана рерна на 220 степени и печете го 15 минути. кога е готово извадете го и посипајте го со сецкан магданос.
  10. Ова јадење се сервира одма затоа што брзо се лади. НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*