Македонски Рецепт за Домашен Кечап

испечати

Македонски Рецепт за Домашен Кечап

  Македонски Рецепт за Домашен Кечап

од Весна Спиркоска која ни го испрати

Состојки

  • 5 кг Патлиџани -Домати
  • 2 кг Пиперки црвени
  • 2 главици Кромид
  • 2 чешнина Лук
  • 4 гранчина магдонос
  • 4 лајци шеќер
  • 1 киска целер
  • 1 пакетче црн пипер
  • 3 ливчина ловоров лист
  • 3 лајци сол
  • 3 лајци сенф
  • 250 мл Масло

Начин на Приготвување

  1. Патлиџаните измијте ги и исечетеги на покрупни парчина и се става во голема шерпа за варење. 
  2. Пиперките измијте ги, пред да ги сечете одвојте ги семките од стредината исечете ги на поситни парчина и додајте ги во шерпата.
  3. Кромидот и лукот исецкајте ги и додадете ги истотака во шерпата која ја ставате на рерна и на мала температура ставете да почне да вари 

  4. Додајте ги и другите состојки во шерпата: Магданос, Шеќер, Целер, Црн Пипер, Ловоров Лист, Сол сето тоа се вари додека видиме дека лушпите од Патлиџанот и Пиперките се одвојуваат
  5. Тогаш ја вадиме шерпата од оганот и оставаме да олади малку па се миксира да се добие смеса густа и сето тоа се процедува низ  цедалка (ситна) убаво да се одвојат сите покрупни остатоци .

  6. Добиената смеса ја сипаме пофторно во измиената шерпа па додаваме 250 мл масло и 3 лајци сенф и се става повторно на рерна па се кува да подзагусти  околу 30 минути.

  7. Извадете ја шерпата па почнете да ги полните теглите исто како и кога ги полните со прочуениот Македонски Ајвар

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*