Македонски рецепт за Пилешка Турлитава

 

Македонски рецепт за Пилешка Турлитава

Состојки

  • 1 кг Пилешки Батаци
  • 2 Главици Поголеми Кромиди
  • 4 Поголеми Моркови
  • 1 Корен Целер
  • 1 Лажица Концетрат од Патлиџани
  • 2 Лажици Кисела Павлака
  • 1 Коцка Пилешка Супа
  • Маслиново Масло
  • Пипер
  • Сол, Вегета, Бибер
  • 1 чешне Лук

Начин на Приготвување

  1. Во една поголема тава ставете Маслиново масло и лук малку да се загрее па Лукот можете да го извадите па додајте ги пилешките Батаци кои претходно сте ги премачкале со сол, вегета и бибер, Испржете го месото од сите страни и извадете го од тавата.  

  2. Претходно исецкајте го Кромидот а Морковот и целерот изрендајте ги и сите така додадете ги во тавата каде сте го пржеле месото и динстајте ги.
  3. Во меѓувреме ставете ја коцката пилешка супа во вода се загрева за да се раствори. 
  4. Кога Кромидот и Морковот че омекнат додајте малку пипер сол и бибер па промешајте го малку и додајте го концетратот од Патлиџани (домати) и мешајте да се соединат.
  5. Месото пофторно додајте го во тавата и прелијте го со водата од пилешката супа и кога че почне да вари смалете го оганот и оставете да се кува по можност покријте ја тавата со капак. Внимателно кувајте со повремено потресување на тавата да не се залепи месоти и загоре.
  6. Турлитавата е готова кога Месото е скувано затоа треба да го пробате со една вилушка дали се одвојува.
  7. Извадете ја тавата од огнот и повторно извадете ги батаците. Во сосот додајте кисела павлака и сето тоа сипајте го во миксер па промиксајте и вратете го во тавата а со него и месото сето тоа прекријте го со капак и кувајте го уште малце да се соедини.
  8. Оваа Турлитава можете да ја сервирате со било какви тестенини Макарони, Њоки, Јуфки, Шпагети се по ваш вкус и желба. НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*