Македонски рецепт Турлитава во Рерна

 

Македонски рецепт Турлитава во Рерна

 Турлитава во Рерна е идеално јадење како додаток за секаков вид на печења од месо.

Состојки

  • 300 гр Компири
  • 100 гр Црн Патлиџан
  • 200 гр Моркови
  • 250 гр Тиквици
  • 100 гр Патлиџанчина мали (цреши)
  • Пиеперка половина црвена половина жолта
  • Коцка Супа вегетална
  • 1 туфче Магданос
  • 1 Кромид
  • 2 чешнина Лук
  • 1 лажица трошки од леб
  • 1 лажица Рендано Офчо тврдо сирење
  • Сол, Бибер, Вегета
  • Маслиново Масло

Начин на Приготвување

  1. Најпрво Компирите да ги излупите и да ги измиете, исечете ги на мали коцкици а исто така и морковот да се олупи и исече на мали коцки колку и компирот. Ставете ги во едно тенџере со солена вода и кувајте ги 5 минути па извадетеги.

  2. Измијтеги сега тиквиците и нив исечете ги на мали коцкици колку еден ореф големина. Истото тоа направете го  со кромидот,  црниот Патлиџан  и пиперките. Патлиџанчината пресечете ги на половина.

  3. Земете една огнеотпорна тепција стаклена или порцеланска со големина 30 на 24 цм и премачкајте ја со Масло. Почнете внатре да ги поредувате сите зеленчуци едно до друго залепени и да ги мешата од секоја врста поединачно. Измегу додадете и парчина од Лук.

  4. Во еден сад измешајте ги лебните трошки со магданосот  и ренданото сирење. Сето тоа сипајте го одозгора над пореданите зеленчуци. Посолете го и побиретего а може и малку вегета да се додаде. На крај посипајте го со Маслиново масло и ставете го во рерна на 180 степени печете ги 60 минути но меѓувреме одозгора постепено со супина вода приготвена од коцката за супа. Тоа повејче пати пофторетего за да не се залепи и загори ТУРЛИТАВАТА.

  5. Последните 10 минути убаво е да ја покачите температурата на 200  степени. Сервирајте ја Турлитавата уште одма дури е топла НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*