Мусака од Компири

Еве еден едноставен брз рецепт за мусака и многу укусен.Инаку кај нас во Македонија Мусаката е многу сакана и често на трпезата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1кг Компири
– 500 гр Мелено Месо
– 1 поголема главица Кромид
– 1 поголем Морков
– 50 мл Масло
– Малку морска Сол и Бибер
– 1 лажица Пипер
Состојки за преливот:
– 500 мл Млеко
– 2 Јајца
– Сол

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ

-Во поголема тава стоплете го Маслото и додајте го ситно исецканиот кромид исецканиот Морков. Дистајтего додека омекне и додајте го Месото и стално мешајте ‘динстајте околу 10 минути. Пред крајот додајте морската сол, биберот и пиперот и сето малце продинстајте го и извадетего од оганот.
Компирите излупете ги и пресецете ги во кругови да бидат околу 4мм дебелина. Во една огнеотпорен керамички или стаклен сад-тепција пред да почнете со редење на компирите премачкајте го со Путер или само со Масло.Наредете го првиот ред Компири и одозгора ред Месо па така поредете ги се додека има Месо.На секој ред со Компири посолете ги, компири можете да сечете по потреба додека на крај се преклопи пак со компири.
Измешајте ги состојките за филот и така убаво прпмешани истурите ги одозгора на Мусаката. Ставете ги во рерна и печете ги на 200 степени околу 1 час се додека одозгора не поцрвене и добие една убава боја.
Кога е готова Мусаката извадете ја од рерна и оставете ја 15 минути да остине па можете да сервирате, вака приготвена Мусака е доволна за 4 особи.
НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*