Оригинален рецепт за Маѓарски гулаш

Ова е традиционално Маѓарско јадење останато од сточарите кои го припремале од нивните Јунци во потрага по нови Пасишта.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-500 гр Јунешко Месо
-1 Фафаронче зелено
-2 Компири стредна големина
-1 Кромид бел
-1 Патлиѓан
-1 Морков
-100 милилитри сос од Патлиѓани
-1 лажичка семки од ким
-30 гр Пипер благ
-500 милилитри супа од Месо ( коцка говедска супа)
-Маслиново Масло
-Сол и Бибер по укус
1 Ставете едно Тенѓере на рерна и сипајте маслиново масло па додадетего ситно исецканиот кромид и Морков динстајте ги.
2 Додајтеги во Тенѓерето и исецканото феферонче и семките од кимот.
3 Додајтего сега и Јунешкото месо исецкано на парчина одприлкиа 4 цм гледајте да бидат парчината со слична големина, мешајте ја состојката да се соединат вкусовите.
4 Кога месото че биде од сите страни зафатено додадете ги Компирите кои треба да бидат исто исечени со големина колку и месото, додадете ги и Патлиѓанот исецкан и сосот од Патлиѓани а можете да додадете и малку од супената вода.
5 Оставете така сите заедно да поварат и додадете им сол и бибер по укус а исто и пиперот да се додаде.
6 Сето тоа Варетего 80 мин на тивко и додавајте од супената вода и повремено мешајте да се соединуваат состојките.
7 после изминатото време за варење готовиот Гулаш служетего топол.
И на крај еден совет:
Ако варивото ви изгледа многу течно додадете една лажица брашно 00 и традиционална запршка.

Потребно време за готвење 1 час и 50 минути.
Вака приготвен Гулаш е за 4 порции.
Гулаш се прави исклучиво со Јунешко месо не со малдо Телешко.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento