Полнати Тиквици во Рерна

Полнати Тиквици со мелено Месо и Ориз испечени во рерна брзо се приготвуваат предвиденото време е нешто помалце од еден час.

ПОТРЕБНИ СОСТПОЈКИ:
– 4 Тиквици
– 75 гр Ориз
– 400 гр Мелено телешко Месо
– Фант за полнети пиперки
– 50 гр Горгонзола
– 50 гр Пармезан изрендан
– 1 лажица Маслиново масло
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СОС:
– 1 поголем Кромид
– Магданос
– 2 чешнина Лук
– 1 лажица Вегета
– 200 мл сос од Патлиѓан-Пасата
НАЧИН НА ПРИПРЕМА:
– Во посолена вода најпрво скувајте го Оризот,исцедете го и оладате го.
– Содржината од кесичката Фант промешајте ја со 100 мл Вода и оставете ја да одстои неколку минути.
– Меленото месо ставете го во еден подлабок сад и додајте му го Маслиновото Масло, скуваниот
Ориз,припремениот Фант и сето добро да се измеша.
– Тиквиците да се пресечат по должина и да се издлабат во стредината па да се наполнат со смесата од Месото.
– Сега припремете го сосот: во една тава ставете Маслиново Масло па додајте го исецкан Лукот и исецканиот Кромид и запржете ги малце да добие светла боја кромидот па додајте му го Магданосот и сосот од Патлиѓан па сето то динстајте го да се соединат.
– Во една огнеотпорна посада-тепција 20 на 30 цм,сипајте го сосот и развлечете го да има насекаде па одозгора сложете ги полнетите тиквици и изрендајте го Пармезанот.
– Покријте го со Алуминска фолија и ставете го во претходно загрена рерна на 200 степени и кувајте го 30 мин. Па отклонетеја Алуминската фолија и печете го уште 20сетина минути.
– Послужетего уште додека е топло.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento