Рецепт за вистински домашен Бурек

Потребни состојки:
-1/2 кг Меко брашно
-3 дл млака Вода
-1/2 дл Масло
– малку сол
-600 гр мелено месо
-Помала главица Кромид
-Сол,Пипер и Вегета

Начин на Припрема:

-Со Брашното, млаката Вода,Маслото и сол се прави тестото.
– Месете го тестото на побрашната површина се додека не стане глатко и да престане да се лепи.
– Tестото поделете го на три дела и посучетего малку,Намачкајтеги со масло и ставетеги на крпа нека стојат 20-30 минути.
-За тоа време припремете го Месото.Кромидот ситно исечкајтего и заедно со зацините додајте ги во Меото ( можете да додадете и малку сода-бикарбона) и поделетего на три дела.
-На крпа ставете го тестото и почнете да го тегните.
-Кога че добиете проѕирно тесто почнете да ставате од месото на сите краеви наоколу и со масло истркајтего.
-Со крпата почнете од една страна да го виткате до стредина па исто и од другата страна и пресечетего настредина да добиете два исти дела,Замотајтего секој дел посебно и ето сте добиле Бурек.
-Намачкајте ја тепцијата со Масло и ставете ги Буреците, печетеги на 180 степени 30 минути.
-Кога че се готови попрскајте ги со вода која претходно сте ја стоплиле со малку сол.
-Покрите ги со крпа околу 10 минути за да смекнат.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento