Мусака од Модри Патлиџани

Мусака од Модри Патлиџани. Овој рецепт доајѓа од Турција, како што знаеме кај нас многу е застапена и омилена турската кујна со нивниот богат асортимент.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 5 модри Патлиџани
– 500 гр мелено Месо
– 1 поголема главица Кромид
– 1 поголем Морков
– 2 чешнина Лук
– 3 до 4 свежи црвени Патлиџани
– 1 туфче Магданос
– 100 мл Маслиново МАсло
– Ловоров лист
– Сол и Вегета

Потребни состојки за филот ( бешамелот)
– 40 гр Путер Маслац
– 1 лажица Брашно
– 500 мл Млеко
– 2 Јајца
– Пармезан по желба до 100 гр

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:

– Модрите патлиџани убаво измиете ги и осушетеги. Пресечете ги надолжно со дебелина околу 4 мм. Посолете ги и оставетеги да одстојат 10 минути и измијте ги со врена вода па осушете ги.
– Во плех, ставете алуминска фолија и премачкајте ја со Маслиново Масло. Сложете го на фолијта модри Патлиџани.Вака сложените Модри патлиџани ставете ги во рерна претходно загреан и печете ги на 200 степени околу 15 минути.
– Во една поголема тава ставете го маслиновото Масло и загрејте го па додадете ги сите состојки претходно исецкани на ситни парчина Кромидот, Морковот, Патлиганите, Лукот, Ловоров лист и додатего Месото сето тоа заедно мешајте го и динстајте го додадете сол и вегета. По потреба додадете малку вода и динстајте.
– Кога месото че омекне и е скоро готово додајте го Магданосот ситно исецкан.
– Припрема на Филот Бешамелот прво стопете го путерот и ставете го брашното испржете малце и додајте го млекото и кувајте ги 5 минути па додадете сол и пармезан по желба и Пипер.
– Оставете го филот малку да олади и додајтеги претходно иѕматените јајца.
– Во еден огнеотпорен керамички или стаклен сад тепција премачкајте ја и поредете ред Модри патлиџани ред Месо и на крај да завршите со Патлиџани. Одозгора сипајте го Филот Бешамелот.
– Ставете ја Мусаката во претходно загреана рерна на 220 степени и печете ја 20 до 30 минути да добије убава боја.
– Готовата Мусака извадете ја и после 10 минути можете да ја сервирате за јадење.

НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*