Рецепт за најдобар домашен Македонски Ајвар

испечати

Рецепт за најдобар домашен Македонски Ајвар

 Најдобар домашен Македонски Ајвар рецепт од Охрид

Состојки

  • 30 кг Црвени месасти Пиперки
  • 1,5 Л Масло
  • 1 чаша Шеќер
  • 0,5 чаша Сол
  • 0,5 чаша киселина

Начин на Приготвување

  1. Пиперките треба да бидат убави месести 
  2. Најпрво испечете ги Пиперките и ставете ги во најлон за да можат подобро да се лупат.
  3. Излупете ги пиперките и оставете ги да се исцедат после неколку часови вечерта смелете ги пиперките и оставете ги до сабајле.
  4. Другиот ден земете една голема шерпа за варење Ајвар и во неа сипајте пола литар масло да се загрее и потоа сипајте ги мелените Пиперки па почнете да мешата и постепено штом почне да врие додавајте по малку масло така да при мешање маслото че го снемува.

  5. додајте прво една чаша шечер  и мешајте па додајте  Пола чаша киселина и продолжете нон стоп со мешање и додајте пола чаша сол постепено пробајте дали е по ваш укус и додајте сол по потреба затоа што не се исти сите пиперки,.

  6. Ајварот варете го се додека не почне да свети и почне убаво да мириса на Ајвар пазете да не биде преварен и да го испушти маслото, Значи штом засвети тоа е знак дека почнува да го исфрла маслото и одма вадете го.

  7. Сварениот Ајвар одма ставете го во тегли и поклопете ги па вакумирајте ги.
  8. За да го вакумирате Ајварот потребно е теглите да се обвијат во новини хартии и да се стават во шерпа со вода па да се зовриат околу 20 минути. и се завиткуваат во крпа и тогаш се вакумирани

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*