Ориз со Пилешко во Рерна

Ориз со Пилешко во Рерна е многу омилено во нашата фамилија и си имаме еден наш традиционален рецепт многу едноставен и многу укусен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
– 1 кг Пилешко месо ( може и една домашна Кокошка)
– 4 чаши 2дл Ориз
– 1 Кромид поголем
– 1 чешне Лук
– 1 поголем Морков
– Сол и Вегета

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
– Најпрво исецкајте го 1/2 Кромид и целиот Морков и ставете ги во Тенѓерето каде претходно сте го загреале малку Масло и сето продинстајте го.
– Очистете го Пилешкото Месо / Кокошката и исечете ја на традиционален начин на делови Батак, Карабатак, Крилца и четири делови од Плечката. Сето Месо додајте ги во Лонецот заедно со кромидот и морковот и динстајте ги малку додека ја смени бојата месото. Додајте топла вода да се наполни Тенѓерето и варете го 40 мин.
– Оризот убаво очистетего да нема црнки и камчина па измијтего со ладна вода и процедетго мијте го два пати.
– Другата половина од Кромидот исецкајте ја ситно, спремете една Тепција (од Бронѕа, Алуминиум или Плехана никако во Росвајтна тепција) ставете малце масло и Кромидот па продинстајте го и додадете го Оризот исцеден но мокар. Сето тоа динстајте го на големото окно од шпоретот ( значи одозгора на шпоретот) Додате 1 лажица Вегета динстајте додека оризот че засвете и менува боја тогаш додадете топла вода од варивото во кое ја варевте кокошката не мора целата можете малце да оставете и од таа вода да направете вкусна Пилешка супа за која че има рецепт исто овде кај нас.
– Тепцијата со Оризот ставете ја во рерна која претходно сте ја загреале на 220 степени и оставете го да се кува 10 мин и после тоа одозгора убаво поредете го месото и малце од водата оставете го во рерната се додека не поцрвене убаво месото и оризот ја испие водата.
– Во нашите краишта во струшко имаат обичај одозгора на оризот одкако е готв да испрскаат со стпена Кравја Мас но јас не употребувам поради мрснотии тоа е ваш избор.
– Оладете го 10 минути и служете го ова прекрасно укусно јадење.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento