Рецепт за Плескавици

 

Рецепт за Плескавици

Плескавиците се секогаш на трпезата при секоја прилика на грилање дали за празник или за некоја прослава, еве овде конечно еден рецепт кој многу ресторани не сакаат на сите да биде достапен

Состојки

  • 1 кг Јунешко Мелено Месо
  • 100 гр Овчо Мелено Месо
  • 2 Големи Главици Кромид
  • 2 Чешнина Лук
  • 1,5 дл Кисела Вода
  • 1 Лажица Сода Бикарбона
  • Сол
  • Бибер
  • Вегета

Начин на Приготвување

  1. Плескавиците се секогаш на трпезата при секоја прилика на грилање дали за празник или за некоја прослава, еве овде конечно еден рецепт кој многу ресторани не сакаат на сите да биде достапен
  2. Исецкајте го Кромидот и Лукот на ситно и ставете ги во еден пластичен длабок сад
  3. Додајте го Месото и замесете го заедно со Кромидот и Лукот
  4. По замесувањето додадете ја киселата вода и сода бикарбона па заедно месетего 10 минути
  5. После тоа додадете ги и другите зачини сол ,бибер и вегета и продолжете да месете се додека смесата не почне да се одвојува од садот

  6. Ставете ја смесата во фрижидер да отстои 5 часа
  7. После тоа извадете ги и најпрво направете топчина па обликувајте ги плескавиците со дебелина околу 8 мм
  8. Печете ги на скара или во тава само не додавајте мрсноча
  9. препорачливо е на истата скара да се подпече и лебот 

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*