Спанаќ со Ориз

Спанаќ со Ориз двата производа се многу застапени во Македонија и можете да ги најдете на сите наши Градски Пазари, како и сите други состојки од ова здраво и укусно јадење.Морам да кажам дека овој рецепт е лично мој и јас многу пати го кувам сите досега го бендисале и вам ви би го препорачал.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1 кг Спанаќ
– 200 гр Ориз (1 чаша од 2 дл полна)
– 1 поголем Морков
– 1 Кромид
– 50 мл Масло
– малку Сол,Вегета и Бибер
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
– Најпрво отпочнете со чистење на спаначот кој треба добро да се измие и да се остранат шишарките така измиен оставете го да се цеди додека приготвувате од другите состојки.
– Кромидот и Морковот ситно исецкајте го ставете го во поголема тава во која претходно сте го стоплиле маслото и динстајте го малце да сменат боја да засвете Кромидот.
– Оризот очистете го и измијте го убаво па исцедете го така додадете го во тавата со Кромидот и Морковот па сето тоа заедно динстајте го само да не загоре штом оризот че почне да менува боја додадете топла вода 2 чаши и промешајте го сето заедно да се соедини, посолете и ставете вегета и бибер по ваш укус, со додавање вода по потреба варете го сето заедно околу 20 минути оризот да биде скоро варен.
– Исцедениот Спанаќ исецкајте го на поситни делови (не многу ситно) и додајте ги кај Оризот . Мешајте се додека не се смали Спанаќот и сето добро да е подеднакво распоредено. Да напоменам дека Спанаќот изгледа многу и е потешко да се меша во почетокот но тој бргу се смалува со самото варење, за цело тоа време да има малку вода во варивото. Кога сето тоа ќе остане суво ја испие водата Варивото е готово.На спанаќот не му треба повејќе од 10 мин варење. Извадете го од огнот и можете одма да го служите.

НАЗДРАВЈЕ.

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*