Сарма во лист од Лозница

 

Сарма во лист од Лозница

Сарма во лист од Лозница велат дека е од времето на Александар Македонски тоа била храна за големците

Состојки

  • 500 гр Мелено месо
  • 3 лавици Кромид
  • 1 финџал Ориз
  • 30 Листови од Лозница
  • 1 Патиџан
  • 100 мл Маслиново Масло
  • 100 гр Маслац
  • Магданос
  • 1 лажичка Пипер
  • Сол, Вегета, Бибер
  • 1 Морков
  • 1 чешне Лук

Начин на Приготвување

  1. Листовите од лозница најпрво добро и пажливо да се измијат и да се стават во една шерпа со солена вода и малку да се прокуваат па пажливо да се завртат, штом прокува водата да се истури и да се остават листовите да се оладат. 

  2. Во една поголема Тава ставете го Маслацот и претходно насецканиот кромид  динстајте го малце и додајте 1 лажица вегета, Пипрот, Бибер и малку сол, додадете го и исецканиот Морков и Лук сето тоа добро промешајте го и динстајте го.

  3. Оризот убаво исчистете го и измијте го па додадете го во тавата и мешајте па додате го и месото сето тоа убаво да се промесха и издинста додека месото не ја промени бојата па можете да ја извадите смесата и да ја оставите малку да се олади. 
  4. Штом смесата е оладена поцнете со обликување на сармите во листот ставете една лажица од смесата и убаво премотајте го листот да биде цврсто, така обликованите сарми поредете ги во едно тенџере да бидат цврсто збиени 
  5. одозгора прелијте ги со маслиновото масло и ставете го исецканиот патлиган па наполнете го тенџерето со вода а одозгора поставете еден тањир на опаку да ги притиска сармите да не се растураат
  6. кога Сармата е готова преместете ја пажливо во една огнеотпорна тепција и ставете ја во рерна на 150 степени да се осушат околу десет минути
  7. Оваа Сарма служете ја обавезно во придружба на Кисело Млеко
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento