Сарма со листови од свежа Зелка

Сарма со листови од свежа Зелка

Сарма со листови од свежа Зелка токму поради тоа што е најдостапна во летните и есенските денови.

Состојки

  • 500 гр Мелено Месо
  • 1 Поголема Зелка
  • 1 Финџал Ориз
  • 1 Кромид
  • 1 Морков
  • 1 чешне Лук
  • Пипер
  • Сол, Вегета, Бибер
  • Маслиново масло

Начин на Приготвување

  1. Најпрво извадете го стредето од Зелката и потопете ја во едно тенџере со вода па загрејте ја одкак це се загрее нека кува околу 5 минути
  2. Скуваната Зелка иѕвадете ја од тенџерето и прелијте ја со ладна вода оставете ја да се лади
  3. Во мегувреме во една поголема тава ставете Маслиново масло и претходно исецканиот кромид, морковот и лукот посолете ги и динстајте ги штом кромидот ја смени бојата додајте го Меленото месо и измиениот Ориз промешајте ја состојката и додадете ја вегетата и пиперот и малку бибер па сето тоа динстајте го.
  4. Штом месото ја смени бојата извадете ја смесата и оставете ја да се олади 
  5. Во мегувреме одвојте ги листовите и почнете со замотување на сармите во секој лист ставете по една лажица од смесата и добро завиткајте ги да не се растураат и поредете ги во една огнеотпорна тепција
  6. Одозгора прелијте ја сармата со малку вода и прекријте ја со фолија па ставете ја во ладна рерна на 200 степени и кувајте ја 2 саати
  7. После два часа одцкријте ја сармата и оставете ја да се потпечи штом поцрвени одозгора сармата е готова
  8. По желба на оваа сарма можете одозгора да додадете и суво месо а и да ја прелиете со сос од патлиџан. Служете ја сармата заедно со кисело млеко

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*