Зелка со Телешко Месо

Македонски рецепт за Свежа Зелка со Телешко Месо

Свежа Зелка со Телешко Месо затоа што можете да најдете на нашите пазари баш во ова време и е многу едноставна за приготвување.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1 кг Свежа Зелка
– 500 гр Телешко Месо
– 3 главици Кромид
– 1 дл Масло
– 5 зрна Бибер
– 1 поголем Морков
– 1 Пиперка
– 1 Патлиѓан
– 1 Лажица Брашно
– 1 Лажичка Пипер

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Најпрво убаво исецкајте ги сите состојки Кромидот, Месото, Пиперките, Морковот и Патлиѓаните.
Во едно Тенѓере загрејте Масло и додајте го исецканиот Кромид малку исдинстајте го додјате го и Месото и заедно исдинстајте ги.Кога Месото че омекне додајте го исецканиот Морков и Зелката која исто треба да ја исецкате.Додајте и Малку вода за да не загоре и динстајте ги сите заедно после 10 минути додадете го биберот во зрна, исецканите Пиперки и Патлиѓанот.
Посолете ја Манџата по ваш укус и додадете вода да се покрие содржината па сето тоа кувајте го околу 40 минути.После тоа можете да додадете и Вегета или некој ваш омилен зачин.
Кога Варивото ќе биде скувано за крај со Брашното и пиперот во масло направете Запршка. Рецепт за Запршка че најдете исто така во нашиот Кувар.Можете да го служите ова јадење после 15 минути одкако че го иѕвадите од на оган.
НАЗДРАВЈЕ

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*