Јагнешки Лонец на Охридски Начин

 

Состојки

  • 2 кг Јагнешки бут
  • 700 гр Јагнешки ребра
  • 2 лажици Маслиново Масло
  • 1 Прас
  • 1 главица Кромид
  • 5 чешнина Лук
  • 2 Моркови
  • 200 гр свежа зелка
  • 4 лажици Маслац
  • 4 Компири
  • Сол, Вегета, Бибер

Начин на Приготвување

  1. Земете еден лонец поширок што може да влезе во рерната, ставете го прво маслацот и месото да се потпечи од сите страни, може месото да го исечете на големи парчина за да влезе убаво во лонецот.
  2. сите други состојки исечете ги на парчина и ставете ги во лонецот заеднои промешајте ги убаво
  3. додадете малку вода и нека почне да зоврива па поклопете го лонецот и ставете го во рерната која претходно сте ја загреале на 150 степени и кувајте го 2,5 часа додека месото поцрвени. 

  4. штом поцрвени извадете го лонецот и ицедете ја течноста и ставете ја во една тава и додадете брашно и малку маслац па да згусни .тоа че ви биде како прелив на месото
  5. Месото исечете го на парчина за сервирање и сервирајте го со додавање на другите состојки и одозгора со прелив 

Јагнешки Лонец на Охридски Начин

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*