Јунешко Мелено Месо со Компири и Јогурт

испечати

Јунешко Мелено Месо со Компири и Јогурт

Состојки

  • 1 кг Јунешко Мелено Месо
  • 1 гл Кромид
  • 500 гр Компири
  • 3 дл Јогурт
  • 3 Јајца
  • Пире Патлиџан
  • Магданос
  • Пипер
  • Масло
  • Сол, Бибер, Вегета

Начин на Приготвување

  1. Како прво ситно исецкајте го Кромидот и ставете го во тава со две лажици Масло па убаво издинстајте го да стане проѕирен па додајте го меленото месо.
  2. Додајте го Магданосот и мешајте додавајте ги полека сите состојки пирето од патлиџан сол, бибер, вегета, пипер и продолжете да го динстате на тивок оган.
  3. Излупете ги компирите и исечете ги на коцки па додадете ги во месото па продолжете да динстате уште 10 минути.

  4. Земете една огнеотпорна стаклена или керамична тепција и подмачкајте ја со масло и сипајте ја смесата со месо и компир па ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете околу половина час.
  5. Јајцата изматете ги и додајте го Јогуртот малку посолете го и прелијте го одозгора на Месото со Компири и вратете го во рерната да се запечит. Ова јдење служете го топло. Наздравје

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*