Јунешко со Зеленчук и Пченка

 

Јунешко со Зеленчук

Рецепт за приготвување брз ручек вкусно Јунешко со Зеленчук 

Состојки

  • 500 гр Јунешко месо
  • 1 Патлиџан
  • 1 Туфче Млад Кромид
  • 3 чешнина Лук
  • 3 Пиперки
  • 50 гр конзервирана готова Пченка
  • Магданос
  • Сол, Бибер, Вегета
  • 1 Поголем црн Патлиџан
  • 1 Морков

Начин на Приготвување

  1.  Црниот Патлиџан исецкајте го на коцки посолете го и оставетего да одстои.
  2. Месото исецкајте го на коцки големина на еден залаг и ставете го во тава со претходно загреано масло па испржете го кога месото е испржено  извадете го во тањир.

  3. Во истото Масло ставетего исецкан Лукот и Кромитчето, Патлиџанот, Морковот, Пиперката и Црниот Патлиган кој претходно сте го измиле и исцедиле и сето убаво испржете го.

  4. Кога се е испржено вратете го месото па додајте Вегета, бибер, сол и уште малку динстајте ги да соединат вкусовите па на крај додадете исецкан Магданос и Конзервата готова Пченка.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento