Grafce tafce

Гравче на Тавче готово за еден час

 

Македонска традиционална Кујна

Сите сакаат Гравче на Тавче само поради должина на приготвување се одбегнува да се приготви затоа ево ви еден рецепт за брзо приготвување и нема никаква разлика од традиционалното Гравче на Тавче од Мајками.
Потребни состојки:
– 2 конзерви од 400 гр сварен Грав не многу крупен.
– 20 Кебапи (или по желба Плескавици)
– 1 Главица Кромид стреден
– Малку Брашно за запршка
– Малку црвен Пипер
– Малку Магданос
– 1/2 лажица зачин
– Сол по вкус
Припрема:
Се отвараат Конзервите со грав и се става во еден пластичен сад со дупчина за да се измие Гравот од конзервансите. Се зема една Тепциа стаклена огноотпорна не многу голема 30 на 20цм, во неа се става измиениот Грав во Гравот се става малку вода околу една чаша и се става на рерна на многу ниска температура (единица или двојкаааа). Колку да да се згрее да не биде ладен за апршката.
Во тава се ставаат Кебапите да се испечат (не многу печени).Штом се готови се ставаат одозгора на Гравот.Се прави запршка во истото масло од кебапите по потреба се додава Масло. Запршката е како за секоја прилика. Се ситни Кромидот и се става во врелото масло, кога че почни кромидчето да се собира и да менува боја се додава една не многу полна Лажица Брашно, пола лажица црвен пипер и ситно исецкан магданос. Сето тоа се посипува одозгора на гравот.Во тавата од запршката се додава малку вода и се подгрева па и тоа се сипа на Гравот.Малку се промешува нежно, се гледа да биде покриен Гравот со течноста.
Во претходно загреана рерна на 220 сепени се става тепцијата со Грав.Се чека да почне да вари и тогаш се намалува температурата на 220 степени, се остава да вари 30 до 40 минути да се соедини составот.Мене ми треба нецел саат за приготвување.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento