Грашок со Телешко Месо

Грашокот е многу полезен за нашиот организам но малку е застапен на нашите трпези па затоа еве еден рецепт како највкусно да го приготвите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 400 гр Телешко Месо ( може од ребрата или бут)
– 500 гр Грашок
– 1 Поголем Морков
– 1 Кромид поголем
– 1 Лажичка зачин (вегета)
– 1 чешне Лук
– малку бибер
– 3 ловорови листови
– 1 лажичка Пипер
– 1/2 лажичка Брашно
– 20 гр путер
– малку масло

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Месето исечете го на покрупни парчина и ставете го во солена вода да проврие за да излези пената па извадете го и исечетего на поситни парчина.
Кромидот и Морковот исечете ги на ситни парчина и ставете ги во тенѓерето со стопленото Масло и Путерот и издинстајте ги.
Додајтего Месото и издинстајте го сето заедно неколку минути.
Додајте малку вода и динстате да омекне Месото.Кога Месото че омекне додатего грашакот и рендан Лук. Наставете така да ги динстате се додека Грашакот не омекне.Па додајте го зачинот.(вгетата)
Со Брашното и Пиперот направете традиционална запршка и кувајте уште неколку минути да се соедини запршката. Служете го топло.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento