Италијански рецепт за Паста со Броколи

Знаеме дека во светот најповејче се барани Италијанските јадења од Паста или кај нас речено Тестенини- Макарони еве еден рецепт како да ги приготвите многу бараните и здрави БРОКОЛИ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-320 гр Паста (тестенини по избор)
-600 гр свежи Броколи
-1 чешне Лук
-Сол
-1 Фафаронче
-Маслиново Масло
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ
-1 Почнете најпрво со чистење на Броколите и нивно миење најдобро е да одстојат малку во солена ладна вода.
– 2 Исцедетеги и оплакнетеги па ставете ги да ѕовриат малку во солена вода.
-3 Извадете ги од водата и во истата вода ставетеги тестенините да се варат.
-4 Во тоа време додека се варат тестенините ставете ги во една тава заедно маслиновото масло и Лукчето и Феферончето да дадат вкус па додате им ги и Броколите.
-5 Додадете им малку вода од кај тестенините и така варете ги во тавата Броколите до една состојба на крем која вам ви се бендисува.
-6 Сварените тестенини-Макарони исцедете ги и додајте ги на Броколите па промешајтеги и уште топли сервирајтеги.
НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento