Компири со мелено Месо

 

Компири со мелено Месо

Ево ви идеа како да приготвите едноставен брз ручек и многу вкусен.
Време за готвење 10 minuti
Време за Кувагње 40 minuti
Тотално време 50 minuti
Порции 4

Состојки

  • 1/2 кг Компири
  • 350 гр Мелено месо
  • 1 Кромид
  • 1 Морков
  • 150 гр Пиперки
  • 1/2 зовриена Вода
  • 200 гр Патлиџани
  • 50 мл Маслиново Масло
  • Сол, Вегета, Бибер,Пипер
  • 1 чешне Лук

Начин на Приготвување

  1. Најпрво пригответе ги сите состојки почнете со Компирите олупете ги и исечете ги на четвртасти парчина.  

  2. Кромидот исто исецкајте го на ситни парчина, Морковот можете на кругчина или на четвртасти парчина.

  3. Пиперките исчистете ги семките и исецкајте ги на парчина по желба.
  4. Земете една поголема и подлабока тава и сипајте го Маслиновото Масло додајте го исецкан лукот и оставете да зоврие маслото и додајте го меленото месо и одма зачинете го со Вегета и црвен пипер.
  5. Како прво додајте го Кромидот во месото и динстајте го сето заедно да се испржи убаво месото.
  6. Штом месото ја смени бојата додајте го компирот и исецкајте го внатре и Патлиџанот и сето време мешајте да се издинста убаво па додајте го и морковот па така сите состојки заедно да се промешаат за да се соединат вкусовите и додајте ја водата па оставете на тивко да се кува додека не е готов Компирот.

  7. За ова јадење можете да послужите салата по ваш избор НАЗДРАВЈЕ
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento