Оригинален Рецепт за Кебапи

Многу Лујге мислат дека е недостапен рецептот за добри кебапи како во Кебапчилница, затоа еве овде рецепт од една таква прочуена кебапчилница.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1,5 кг Телешко месо
– 0,5 кг Јагнешко месо
– 4 чешнина Лук
-2 кафени лажички сода бикарбона

Начин на Приготвување:
– 1. Месото исечетего на мали парчина 2 на 2 цм и посолетего нормално иде 1,8 до 2%од тежината на месото.
– 2. згмечетеги 4 те чешнина од лук и прокувајтеги во 100 мл вода, оставетего да се олади и после сипајтего над Месото.
– 3. Месото така оставетего да одстои во Фрижидер цела ноќ.
– 4. другиот ден сомелете го месото два пати и измешајтего рачно.
– 5. Оваа смеса покриј ја и оставија на собна температура 5 саати. После тоа можешво фрижидер до 2 дена да ја чуваш ваквата смеса.
-6. Пред самото обликување наКебапите додајте сода бикарбона ѕа да одскокнуваат Кебапите додека се печат.
– 7 Кебапите за да се обликуваат и да бидат добри треба убаво да се потиснат во шприцот за тоа наменет за да нема меури од воздух.
– 8. Печетеги на скара со силен оган која треба да ја премачкувате со Телешки или Јагнешки лој. Немојте кебапите да ги препекувате оставете ги со Ружичаста боја затоа стално превртувајте ги и премачкувајтеги со лојот.
– 9. За оваа прилика убаво е да имате и Лепињи кои треба да ги премачкате во телешка супа и да ги ставете малку на скарата изнад кебапите.
– 10. како салата најдобро е да послужите само исечкан кромид и пиперче, по желба луто или слатко.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento