Пастрмка на Охридски начин

Пастрмка на Охридски начин

  Охридски Пастрмка е надалеку позната риба специјална по нејзината чистота. Еве овде сакам да ви изнесам еден наједноставен рецепт за спремање на оваа многу посакувана риба.

Состојки

  • 2 Стредна големина Пастрмки
  • Сол
  • Масло

Начин на Приготвување

  1. Сигурно сте збунети од самата најава на потребните состојки но било што друго да додадете само че го расипате природниот убав вкус на оваа Риба
  2. Најпрвин Рибата да се очисти убаво и да се измие. Потоа да се добро осуши со помосх на салфети да не остане ништо од водата која би го поцрнела маслото и би дала горчливост. Значи најбитно е да е рибата што повејче сува. Тогаш посолете ја однатре и однадвор.
  3. во една плехана тепција сипајте масло да се прекрие дното и ставете ја во рерна да се загрее маслото.
  4. Извадете ја тепцијата со загреаното масло и ставете ја Рибата на едната страна да се прокрцка и набрзо превртете ја на другата страна па ставете ја назад во рерната која треба да биде загреана на 220 степени и печете ја со повремено препрскуванје со врелото масло. За убаво да биде печена рибата потребни се 45 минути но зависи некој сака попечена некој помлку печена по ваш избор.

  5. Печената риба се служи одма затоа што бргу се лади. Како додаток можете да послужите лимун и Компир варен.
  6. Инаку оваа риба е позната и по тоа што е едноставна за чистење на коските затоа што с сите повзани на стредниот рбет и ако пажливо ја отворите од не расечената страна полесно че ја очистите од коските.
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento