Рецепт за кифлички меки како Душа

Потребни Состојки:
– 1 Квасец
– 4 дцл Млеко
– 2 дцл Вода
– 3 рамни лажички Сол
– 1 лажица Шечер
– 850 гр Брашно
Состојки потребни за премаз:
– 140 гр маст
– 3 жолчки од јајце
– 1 лажица Брашно
за крај
– 1 јајце
– семки по желба
Начин на припрема:
-Ставете го квасецот да се активира со 2 дл топло Млеко, шечерот и 1 лажица Брашно.Кога че се активира квасецот се додаваат другите состојки и да се умеси тесто па да се остави да изиде да се направи дупло. Надојденото Тесто да се одвои на 4 делови.
-Посебно да се измеша маста, жолчките од јајце и брашното и добро да се измеша.
сите 4 теста да се развиет колку еден голем танјир и да се премачкаат со премазот.
-Да се остават половина час да одморат па да се спојат по две.
-Да се развлекуваат на побрашната столњак ( чаршав) како за пита, рамномерно на сите страни.Тестото се развлекува рачно, затоа што има премаз тоа лесно се развлекува не мора да биде супер тенко.
-Со помош на столњакот да се ѕамота тестото од двете страни и да се пресече на стредина по должина.
Секоја ролна да се сече на еднакви парчина и да се ставаат во тепција (на Пек папир).Да се остави да нарастат и да се премачкаат со изматеното јајце и сусам.
-Да се загрее рерната на 180 степени и да се стави да се печат се додека добијат румена боја.Истата постапка да се понови и со другите теста.
Напомена:
Кифличките се и вака празни многу укусни но по желба можете и да додате сирење или др.
НАЗДРАВЈЕ.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento