Рецепт за најдобар домашен Македонски Ајвар
Состојки
- 30 кг Црвени месасти Пиперки
- 1,5 Л Масло
- 1 чаша Шеќер
- 0,5 чаша Сол
- 0,5 чаша киселина
Начин на Приготвување
-
Пиперките треба да бидат убави месести
-
Најпрво испечете ги Пиперките и ставете ги во најлон за да можат подобро да се лупат.
-
Излупете ги пиперките и оставете ги да се исцедат после неколку часови вечерта смелете ги пиперките и оставете ги до сабајле.
-
Другиот ден земете една голема шерпа за варење Ајвар и во неа сипајте пола литар масло да се загрее и потоа сипајте ги мелените Пиперки па почнете да мешата и постепено штом почне да врие додавајте по малку масло така да при мешање маслото че го снемува.
-
додајте прво една чаша шечер и мешајте па додајте Пола чаша киселина и продолжете нон стоп со мешање и додајте пола чаша сол постепено пробајте дали е по ваш укус и додајте сол по потреба затоа што не се исти сите пиперки,.
-
Ајварот варете го се додека не почне да свети и почне убаво да мириса на Ајвар пазете да не биде преварен и да го испушти маслото, Значи штом засвети тоа е знак дека почнува да го исфрла маслото и одма вадете го.
-
Сварениот Ајвар одма ставете го во тегли и поклопете ги па вакумирајте ги.
-
За да го вакумирате Ајварот потребно е теглите да се обвијат во новини хартии и да се стават во шерпа со вода па да се зовриат околу 20 минути. и се завиткуваат во крпа и тогаш се вакумирани