Рецепт за Паста Бологнезе

Паста Бологнезе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-500 гр мелено месо
-1 кесичка шпагети
-1 главица кромид
-2 моркови
-2 чешнина лук
-малку буро/путер
-1 кесичка маги фант за бологнезе
-1/2 тиквица
-малку пармезан
НАЧИН НА ПРИПРЕМА:
-Кромидот, Тиквицата,Морковите и лукот се сецкаат на ситни парчина и заедно со месото се ставаат во поголема тава и се додава масло и буро/путер се загреваат и мешаат се додека месото не ја смени бојата.
-Во тенѓере се зоврива вода и се додава лажичка сол па се додаваат шпагетите и се варат 13 минути.
-Во посебен сад се става 1 чаша малка вода и се додава фантот па се меша да нема грутчина и се додава во тавата кај месото.сето тоа се меша и вари се додека не се соедини по желба можете да додадете малку сос од патлиѓан.
-Кога шпагетите се готови се исцедуваат и се додаваат и тие во тавата п се меша да се соединат состојките.На крај се додава одоѕгора пармезанот.
-Се служи во рамни тањири и по желба одозгора може секој посебно да си додаде Пармезан.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento