Туршија Зимница од Карфиол

 

Туршија Зимница од Карфиол

Туршија Зимница од Карфиол со зелен патлиџан и морков како придружба на Карфиолот е многу вкусна и лесно се подготвува

Состојки

  • 5 Карфиоли
  • 1,5 кг Зелени Патлиџани
  • 1 кг Моркови
  • 20 гр Винобран
  • 10 гр конзерванс
  • 130 гр Есенција или бела киселина по 2 лајци на секој колограм вода
  • 5 л Вода
  • 300 гр Крупна сол
  • 250 гр Шеќер

Начин на Приготвување

  1. Овие состојки се потребни за едно буруле од 10 литри
  2. Најпрво Карфиолот иситнете го на помали парчина и ставете го во вода со сол малку да покисне па убаво исплакнете го да биде чист.
  3. Исто и Патлиџаните и морковите убаво измијте ги
  4. према нашата мерка која ја употребивме за оваа зимница потребни се 5 литри вода за едно буре од 10 литри во кое ја ставивме оваа содржина на Карфиол,Патлиџан и Морков
  5. Сега измерите 5 л вода и од неа земете 2 литри и ставете ги во тенџере на рерна па додадете ја крупната сол и мешајте додека не се стопи солта па извадете ја и малку нека отстои потоа промешајте ја и вратете ја во останатата вода

  6. Во водата додадете го шеќерот и останатите сосотојки винобран,конзерванс и есенција (јас користев растворена есенција наречена бела киселина и ставив во 5 лтри 10 лајци )
  7. Во бурулето почнете да ги поредувате сосотојките :Карфиолот, Патлиџанот и Морковите и кога сето убаво че го сложите сипајте ја водата (солилото)

  8. Убаво е одозгора да ставете пластична мрежа за притискање и сето тоа убаво затворетего и ставете го во темна и ладна просторија да отстои барем 10 дена па можете да ја пробате и вкусите
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento