Чорба од Јагнешка Глава

Чорба од Јагнешка Глава и Срце

 

Чорба од Јагнешка Глава и Срце

Често нашиот народ има прилика да заколе јагне за празници но не знае што би направил со главата и срцето па еве еден рецепт за Чорба со овие делови од Јагнето која е многу вкусно предјадење.

Состојки

  • 1 Јагнешка Глава
  • 1 Јагнешко Срце
  • Магданос
  • 1 Лажица Пипер црвен мелен
  • 2 Лажици Брашно
  • 150 гр Ориз
  • 250 мл Кисела Павлака
  • 2 Лажици Киселина
  • Масло
  • Сол
  • Бибер

Начин на Приготвување

  1. Ставеме едно тенгере со вода да зоврие и ја посолуваме со една лажица сол, ја ставаме внатре Јагнешката глав и Срцето кое го поделуваме на две.
  2. Сипаме бибер одозгора и оставаме да се кува околу 60 минути
  3. После 60 мин ја вадиме главата и срцето од водата во една тепција, ги отстрануваме коските од главата.
  4. Во тенѓерето со водата го додаваме оризот, го оставаме да се кува

  5. Месото од Главата и срцето го ситниме на ситни парчина заедно и со мозокот и јазикот. и сето то го врајчаме назад во Тенѓерето кај Оризот.

  6. Во еден сад може една помала тава ставеме Масло да се загрее и внатре го сипаме Брашното да се запржи и му додаваме една лажица црвен пипер и оставаме да се соединат па ја вадиме запршката на страна.По желба можете да употребите и традиционална запршка со Кромид

  7. Чорбата во тенѓерето ја пробуваме за сол па додаваме малку сол и вегета.
  8. Кога Оризот е сварен ја додаваме киселината и мешаме па ја додаваме и запршката продолжувајчи со мешање и на крај додаваме киселата павлака и сето тоа го Мешаме најдобро би било со жица за мешање.
  9. Го вадиме тенѓерето од шпоретот и го додаваме ситно исецканиот Магданос.
  10. Чорбата е готова и можете одма да ја служите НАЗДРАВЈЕ

За подобро да следете како се прави оваа чорба, гледајтего видеото од како се подготвува.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento