Шпагети со туна и тиквички

 

Шпагети со туна и тиквички

Шпагети со туна и тиквички се идеални за една лесна вечера 

Состојки

  • 350 гр Тиквици
  • 320 гр 1 конзерва Туна во масло
  • 320 гр Шпагети
  • 1 чешне Лук
  • 20 гр маслиново масло
  • 300 гр масло
  • сол и бибер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво измите ги тиквиците и осушете ги па пресечете ги на округли и слаби парчина 3 до 4 мм .

  2. Загрејте го маслото и ставете ги тиквицита да се испржат ставајте по малку тиквици исто како кога правите помфрит и вадете ги во сад со салфетка која че го упива маслото Тиквиците не треба да се препржуваат доволно е само малку.

  3. Во тенџере зоврите вода и посолете ја па сипајте ги внатре шпагетеите доволно е околу 7 минути да се варат. 

  4. Додега се варат шпагетите ставете го маслиновото масло во една поголема тава и додајте го чешнето лук кое предходно сте го излупиле така непресечено да се испржи во маслото и штом почне да се собира извадете го
  5. За оние кои се љубители на луто додајте ситно исецкана феферона во маслото а за другите во моментот кога го остранувате лукчето во маслиновото масло додајте ја туната која претходно сте ја исцедиле и малку иситнеле со вилушка.
  6. Измешајте ја туната и штом малку се загрее згаснете ја рерната и извадете ја тавата од огнот .
  7. Шпагетите исцедете ги но сепак да остане малку од водата и така сипајте ги во тавата со туната а одозгора додадете ги тиквиците и пофторно ставете ги на тивко да се куваат сите заедно за да се промешаат вкусовите. Ако е потребно додајте малку врела вода. 

  8. Пред крај ако е потребно додадете сол и биберете ги и убаво промешајте ги па одма извадете ги од огнот
  9. Ова јадење е убаво одма да се сервира додека е врело затоа што бргу лади. ако ви престане можете да го оставете во фрижидер најмногу еден ден



Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento