Штрудли со Сирење

Штрудли со Сирење се идеални за секаков вид на прослава или заедничко собирање во станот и лесни за подготовка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО:
– 500 гр Брашно
– 100 гр Маргарин
– 1 дл Масло
– 1 Јајце
– 1/2 лажичка сол
– 1/2 коцка квасец
– 1 дл млеко
– 1 лажичка шејчер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ:
– 300 гр Кравјо сирење
– 1 жолчка од Јајце
– 1 дл Јогурт

ПОТРБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕМАЗОТ:
– 1 жолчка од Јајце
– 50 гр сусам

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ
Во 1 дл вода ставете 1 лажичка шејчер и квасец и оставете го 10 минути.Во пластичен сад додадете ги сите состојки за тестото и сипајте го квасецот.Замесете го тестото и покријте го со крпа па оставете го да изиде 30 минути на топло.
Надојденото Тесто премесете го и поделете го на два дела, развлечетего со сукало на што потенка губа. Внатре сипајте го половина од филот со сирење и завиткајте ја губата, истото направете го и со втората губа.
Така замотаните рорни прво потиснете ги со вилушка па пресечете ги на што помали
штрудли.Премачкајте ги со разматената жолчка и сипајте им од сусамот. Ставете ги во плехот за печење и печете ги 25 мин на температура од 250 степени. Испечените штрудлици извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа уште неколку минути.

НАЗДРАВЈЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento