Аспараги со Ориз

 

Аспараги со Ориз

Ориз со аспараги може да се вкуси цела година, користејќи замрзнати аспараги, очигледно во пролетната сезона можете да изберете свежи аспараги што уште повеќе ќе го подобри вкусот на оризот со аспараги.

Состојки

  • 320 гр Ориз
  • 300 гр Аспараги
  • 100 гр Кашкавал бутеркашкавал
  • 30 гр Бутер
  • 1 Кромид мал
  • 1 коцка супа
  • Маслиново Масло
  • 100 гр Изворка

Начин на Приготвување

  1. Најпрво да се очистат Аспарагите и да се стават во тенѓере со вода и 1 лажица сол па да се вари штом почне да вари извадете ги и исечете ги на парчина од 5 до 10 мм.
  2. Ставете ги во една тава со Бутер и Масло  динстајте ги околу 10 минути 

  3. Оризот очистетего и ставете го во една тава во која претходно сте го издинстале ситно исецканото кромитче во маслиново масло, така сето заедно издинстајте го малку додека оризот засвети па додадете ја супината вода која сте ја направиле од коцка супа претходно зовриена, од супината вода додавајте постепено се додека оризот не биде сварен по ваша желба

  4. На половина од варењето на оризот додадете ја изворката
  5. Измешајте го оризот и изворката да станат како крем и додајте ги Аспарагите промешајте го и проверете го за сол па додадете по потреба на крај додадете го кашкавалот таканаречен распадур. згаснете ја ринглата и промешајте малку па оставете да се стопи кашкавалот 
  6. Ова јадење се служи додека е врело одозгора можете да декорирате со цветово од Аспараго кои треба претходно при сецкањето да ги тргнете настрана тоа по желба

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*