Аспараги со Шпагети и Тиквица

 

Аспараги со Шпагети и Тиквица

Состојки

  • 2 Тиквици
  • 250 гр Аспараги
  • 350 гр Шпагети
  • 1 чешне Лук
  • 1 Морков
  • Маслиново Масло
  • Сол, Вегета
  • Путер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво очистетеги Аспарагите така да прво измијте ги и осушете ги потоа долниот крај одсечете го, олупете ги Аспарагите така да горниот крај со цветот околу 4 цм останува а надолу се лупи 

  2. Аспарагите исецкајте ги на ситно исто така и морковот и лукчето а Тиквиците кои претходно сме ги олупиле исецкајте ги на малку покрупни парченца од Аспарагите.
  3. Во една поголема тава ставете Маслиново Масло и додадете ги исецканите додатоци па нека се динстаат малку.
  4. Во врела вода ставете лажичка сол и Шпагетите додадете и малку путер во водата па нека вари 10 минути.
  5. Кога малку че подинстате исецканите Тиквици че станат помеки и тогаш додадете врела вода од Шпагетите кои сеуште се варат доволно е малку да се прекрие сета состојка и така варете ги 15 минути а по потреба додадете малку вода па се вари додека се испие сета вода тогаш се додаваат шпагетите со специјалната кутлача за шпагети значи подобро да не ги исцедите сите одеднаш него со кутлачата остануваат поводлести
  6. Кога ќе ги додадете шпагетите додадете и малку путер одозгора и сето тоа убаво мешајте го да се распоредат сите состојки подеднакво и да се промешаат сите вкусови значи мешајте минимум 5 минути

  7. Ова јадење се сервира одма додека е уште врело а во порцијата сервирана одозгора се ренда малку Пармезан кашкавал

Komentari

Komentari

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*