Броколи со Шампигнони Печурки
Броколи се моментално прогласени за многу здрава храна полна со желези и други витамини а заедно со Печурки ја зголемуваат својата вредност на здрава храна.
Состојки
- 400 гр Броколи
- 300 гр Печурки Шампигнони
- 400 гр Макарони
- 1 чешне Лук
- рендан Кашкавал или Моцарела
- Магданос
- 1 феферонче
- Маслиново Масло
- Сол, Вегета
Начин на Приготвување
-
Најпрво исецкајте ги Броколите и измијте ги во солена вода преплакнете ги и ставете ги во едно тенџере со вода да се подварат.
-
Очистете ги Печурките отстранете им го долниот дел од коренот и пресечете ги надолжно на тенки листови,
-
Во една тава сипајте една лажица МАслиново масло и додајте го фафаронцето и лукот цел не пресецен само очистен и продинстајте ги заедно.
-
Додајте ги Печурките исечени на листови посолете ги и оставете ги да се динстаат 10 минути
-
Во едно тенџере со солена вода и зовриена ставете ги Макароните да се куваат
-
Во тавата со печурки после 10 минути додадете ги Броколите и посолете ги повторно и оставете ги да се динстаат уште 10 мин, изгасете ја ринглата и додајте го Магданосот и промешајте ги.
-
Макароните процедете ги и додајте ги во тавата па сето тоа измешајте го и додадете малку масло или Путер па мешајте ги па можете дирекно во тањири да ги сервирате а одозгора да ги посипате со рендан Кашкавал
Please follow and like us: