Грав со месо

Грав со Пастрма стар Македонски рецепт

 

Грав со Пастрма стар Македонски рецепт

Состојки

  • 1 кг Грав
  • 1 кг Пастрма (Телешка или Овча пастрма по желба)
  • 1 Кромид
  • 1 Лажица Брашно
  • 1 Лажица Пипер

Начин на Приготвување

  1. Гравот убаво очистете го и ставете го во тенѓере со вода од вечер до сабајле да кисне
  2. Пастрмата пресечете ја на парчина и ставете ја во тенѓере со вода исто од вечерта за да кисне и да се одсоли
  3. Сабајлето исцедете ја водата од Гравот и додадете друга вода па ставете го тенѓерето да вари штом почне да вари смалете ја температурата и нека вари околу саат и половина со додавање на топла вода но да нема многу вода затоа е потребно да се нагледува.

  4. Сабајлето исцедете ја водата од Пастрмата која одстоила вечерта и се одсолила , додадете нова вода и малку проврите ја па и таа исцедете ја и додадете топла вода да биде покриено месото целосно околу половина на тенѓерето оставете да проврие и намалете ја температурата и така пастрмата нека вари на тивко еден саат и половина со додавање на топла вода секогаш да биде покриено целосно месото

  5. После саат и половина Гравот додадете го во Тенѓерето со Пастрмата и да варат заедно уште половина саат.
  6. Во едно Тафче ставете Масло и претходно ситно исецканиот Кромид па направете запршка, рецепт за запршка можете да најдете исто на овој блог, но да пофториме значи штом кромидчето че почне да се собира се додава прво една лажица брашно и се промешува па се додава една лажица Пипер па се вади и се промешува убаво па се додава на Манџата убаво се промешува па се остава да повари и се проверува за солено и по желба се додава вегета и сол.
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento