Јунешко Мелено Месо со Компири и Јогурт
Состојки
- 1 кг Јунешко Мелено Месо
- 1 гл Кромид
- 500 гр Компири
- 3 дл Јогурт
- 3 Јајца
- Пире Патлиџан
- Магданос
- Пипер
- Масло
- Сол, Бибер, Вегета
Начин на Приготвување
-
Како прво ситно исецкајте го Кромидот и ставете го во тава со две лажици Масло па убаво издинстајте го да стане проѕирен па додајте го меленото месо.
-
Додајте го Магданосот и мешајте додавајте ги полека сите состојки пирето од патлиџан сол, бибер, вегета, пипер и продолжете да го динстате на тивок оган.
-
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки па додадете ги во месото па продолжете да динстате уште 10 минути.
-
Земете една огнеотпорна стаклена или керамична тепција и подмачкајте ја со масло и сипајте ја смесата со месо и компир па ставете ја во претходно загреана рерна на 200 степени и печете околу половина час.
-
Јајцата изматете ги и додајте го Јогуртот малку посолете го и прелијте го одозгора на Месото со Компири и вратете го во рерната да се запечит. Ова јдење служете го топло. Наздравје
Please follow and like us: