Компир Манџа со Телешко Месо

Компир Манџа со Телешко Месо е многу застапена на нашите трпези во Македонија па еве еден од најстарите рецепти од оваа Манџа за младите нови домакинки.

ПОТРЕБНИ СОСОТОЈКИ
– 800 гр Телешко месо
– 1 главица Кромид
– 2 Патлиѓани
– 2 Пиперки
– 1 Морков
– 4 поголеми Компири
– 1 лажица црвен Пипер

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ

Прво се сецкаат кромидот, морковот и пиеперките и се ставаат во тенџере со загреано масло и се динста да добие кромидот светла боја. Потоа се додава месото кое предходно сме го исекле на парчина големина по желба и се заедно се динста,во меѓувреме се додава и една лажица Пипер.Па се зачинува со сол и вегета.
Сето тоа заедно се динста и се пази да не загори, штом месото ја смени бојата и почне да омекнува се додава вода да се прекрие месото. Се остава на тивко да вари околу 40 минути но се пази да не загори се додава постепено вода.
После 40 до 50 минути варење се додаваат и компирите и ситно исецканите патлиѓани. Се додава вода да се покрие целата содржина, па се вари уште 30 минути. За да бидете сигурни се пробува компирот дали е убаво сварен.
На крај се додава традиционална Запршка.
Рецепт за запршка:
– Во една помала тава се става 50 мл масло и се додава ситно исецкан 1 кромид ( помал) кога кромидчето че почне да пожолтува да се собира се додава 1 лажица Брашно не преполна па се промешува и се додава пола лажица црвен пипер па сето тоа се прмешува 1 минута. На крај се додава во варивото .Штом че ја додадете запршката во варивото промешајте го убаво и во тавата ставете малку вода и таа сипајте ја внатре во варивото.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento