Компири со мелено Месо
Ево ви идеа како да приготвите едноставен брз ручек и многу вкусен.
Време за готвење 10 minuti
Време за Кувагње 40 minuti
Тотално време 50 minuti
Порции 4
Состојки
- 1/2 кг Компири
- 350 гр Мелено месо
- 1 Кромид
- 1 Морков
- 150 гр Пиперки
- 1/2 зовриена Вода
- 200 гр Патлиџани
- 50 мл Маслиново Масло
- Сол, Вегета, Бибер,Пипер
- 1 чешне Лук
Начин на Приготвување
-
Најпрво пригответе ги сите состојки почнете со Компирите олупете ги и исечете ги на четвртасти парчина.
-
Кромидот исто исецкајте го на ситни парчина, Морковот можете на кругчина или на четвртасти парчина.
-
Пиперките исчистете ги семките и исецкајте ги на парчина по желба.
-
Земете една поголема и подлабока тава и сипајте го Маслиновото Масло додајте го исецкан лукот и оставете да зоврие маслото и додајте го меленото месо и одма зачинете го со Вегета и црвен пипер.
-
Како прво додајте го Кромидот во месото и динстајте го сето заедно да се испржи убаво месото.
-
Штом месото ја смени бојата додајте го компирот и исецкајте го внатре и Патлиџанот и сето време мешајте да се издинста убаво па додајте го и морковот па така сите состојки заедно да се промешаат за да се соединат вкусовите и додајте ја водата па оставете на тивко да се кува додека не е готов Компирот.
-
За ова јадење можете да послужите салата по ваш избор НАЗДРАВЈЕ
Please follow and like us: