Македонска национална кујна ручек
Паприкаш со Пилешко и Компир
Еве еден многу убав рецепт за вкусен ручек со компири и пилешко месо кое кај нас во Македонија е многу омилено јадење
Состојки
- 1 Пиле
- 1 кг Компири
- 1 децилитар Маслиново Масло
- 1 Морков
- 2 Патлиѓани,-- Домати
- 1 Лажица Сос од домати
- 2 Главици Главици
- пипер
- сол, вегета и бибер
Начин на Приготвување
-
Пилето очистете го и измијте го па ставете го да се кува со малку сол и вегета
-
Кромидот и морковот ситно исецкајте го и ставете во едно тенџере со Маслиновото масло нека има целосно дното да се означи со маслото и така заедно пржете ги додека не се омекнат и морковот и кромидот па додајте ги Компирите кои претходно сте ги очистиле и исецкале на квадратни делови да се околу 2цм на 2 цм.
-
Издинстајте ги да се промешаат со кромидот и морковот па додајте Пипер сол, вегета, доматите ситно исецкани и така динстајте све заедно и додајте пола литар вода од пилето каде се варело а и месото од пилето кое е допола сварено па се заедно да се кува па додадете и една лажица сос од домати (кетчап)
-
кога е скувано и месото и компирот пробајте дали е солено и додајте по потреба па промешајте .Кога е се готово извадете го тенџерето и додајте бибер одозгора,. Ова јадење потребно е најмалку 15 минути да се олади пред да се послужи.
Please follow and like us: