Паста Аспараги-Макарони со Аспараги

 

Паста Аспараги-Макарони со Аспараги

  Макарони со Аспараги е едноставен рецепт за убав ручек на база Аспараги

Состојки

  • 320 гр Макарони
  • 700 гр Аспараги
  • 20 гр Пармигано рендано
  • 1 Кромид
  • Бибер,Сол и Вегета
  • Маслиново Масло
  • Бутер

Начин на Приготвување

  1. За почеток со спремањето на ова јадење ставете едно тенџере со вода на ринглата и додадете 1 лажица сол штом зоврие водата ставете ги Макароните да се варат. Убаво е да додадете и малку Бутер во водата

  2. Додека Пастата Макароните се варат исчистете ги Аспарагите така да од цветот 5 цм надолу излупете ги како што се лупат морковите и измијте ги добро па осушетеги.Тогаш отсечете го долниот крај кој е тврд и неупотреблив а исто и цветот одсечете го 5цм затоа што тој е поукусен цел да остане другиот дел исечетего на ситни парчина.

  3. Кромидчето исецкајте го на ситно и во една тава со маслиново масло продинстајте го и додадете ги Аспарагите заедно со цветовите па продинстајте ги малце и додадете врела вода од Макароните посолете ги и биберете ги па покријте ги нека варат едно 10 до 15 мин
  4. Додека се варат во тавата Аспарагите Макароните после 10 минути варење извадете ги и оставете ги во врелата вода додека се готови и Аспарагите па исцедете ги Макароните и додајте ги во тавата со Аспараги и убаво нежно мешајте ги а одозгора додадете Бутер и Пармиганото па заедно промешајте ги додека се стопи Пармиганото и Бутерот.

  5. Сервирајте го ова јадење додека е врело а по желба секој во својот тањир може да си изренда уште Пармигано. Наздравје
Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento