Рецепта Аспараги Омлет

 

Рецепта Аспараги Омлет

 Рецепта Аспараги Омлет едноставно и брзо се приготвува и може во било кое време да се јаде Доручек, Ручек или Вечера.

Состојки

  • 6 Јајца
  • 1 Праз
  • 50 гр Пармигано Рендано
  • 300 гр Аспараги
  • 150 гр Кашкавал
  • Маслиново Масло
  • Басилоко Свежо
  • Сол и Бибер

Начин на Приготвување

  1. Омлет е фантазија во кујната, можете да го направите на илјадници начини и со бескрајни комбинации на вкусови. Аспарагусниот Омлет е чест на извонредниот крцкав и здрав сезонски зеленчук.
  2. За почеток на овој омлет земете една поголемка тава, сипајте малку Маслиново масло и додајте го исецканиот праз исецкајте го на кругови,штом празот засвети додајте ги исецканите Аспараги посолете ги и кувајте ги малку но да останат крокантни.
  3. Во мегувреме во еден Сад ставете ги Јајцата и изматете ги додадете една лажичка Маслиново Масло, сол и Бибер па пофторно матете да се промеша и додадете го ренданиот Пармигано и сецканиот Басилико па промешајте.
  4. Извадете ја тавата со Аспараги од ренглата и сипајте ги Јајцата па одозгора додадете коцки Кашкавал сето то можете да го направите во тавата но по желба можете и во друг сад кој е погоден за печење во ренгла да сипате се и да го потпечите 
  5. Значи штом сите состоики ги додадете Тавата вратете ја на огнот и потпечете го омлетеот да се стопи Кашкавалот значи 2 минути на силен оган па намалете го на тивко и покријте го со капак нека се потпечи околу 10 минути па со помош на капакот превртете го омлетот за да се потпечи и од другата страна.

  6. Проверете дали е доволно потпечена одоздола па извадете го на плех за сервирање и исечете го на парчина за сервирање. Наздравје

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento