Ролат од Модар Патлиџан

 

Ролат од Модар Патлиџан

Ролат од Модар Патлиџан затоа што овој зеленчук кај нас е многу омилен и присутен на нашите трпези 

Состојки

  • 750 гр Модар Патлиџан
  • 350 гр Компири
  • 100 гр Брашно
  • 2 Јајца
  • 50 гр Пармигано
  • 200 гр Кашкавал
  • Лебни Трошки
  • Басилико
  • Маслиново Масло
  • Сол и Бибер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво убаво измијте ги Патлиџаните и пресечете ги на парчина квадратни,ставете ги во една тава со малку масло и пржете ги околу 15 минути.

  2. Компирите олупете ги измите ги па така цели ставете ги во микро 10 минути да се скуваат
  3. Ставете ги модрите патлиџани во еден длабок сад да се оладат а одозгора изрендајте ги компирите. Додадете ги и јајцата, брашното, басилико листовите исецкани,пармигано, сол и бибер па убаво месете ја смесата да се соедини можете и со лажица да месите.
  4. ставете во една тепција хартија за печење и по неа растурите лебни трошки а одозгора сипајте ја смесата и направете губа на стредина исецкајте го кашкавалот и направете ролат.
  5. Ставете го во претходно загреана фурна на 180 степени и печете го 40 минути,Вашиот ролат е готов и одма можете да го послужите

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento