Сладка Зелка Без Месо-Вариво

Ова е еден стар рецепт за Зелка Манџа која е многу богата со витамини а и многу вкусна а и да направите пауза еден ден без месо да кувате а слатко да се најадете

Состојки

  • 3 Лажици Масло
  • 1 Главица Кромид (или една врзанка Праз)
  • 1 Морков
  • 1 Зелка
  • 1 Пиперка
  • 1 Патлиџан
  • 1 Ловоров Лист
  • 1 Лажици Пипер
  • 1 Лажици Брашно
  • 2 чешнина Лук
  • 2 Компири
  • Сол, Бибер, Вегета
  • 1/2 врзанка магданос

Начин на Приготвување

  1. Најпрво очистете ја зелката извадете ги горните листови пресечете ја на четвртини и тврдит дел стредишниот отстранете го па исечете ја на ситно.
  2. Кромидот или Празот по ваша желба исецкајте го на ситно а исто и морковот па додајте ги во Тенџерето со маслото и малку пропржете ги да омекнат па додајте ја зелката и ловоровиот лист посолете и додајте зачин Вегета и динстајте па додадете малку вода и прекријте го варивото да се вари.Исто и компирите исецкајте ги на коцкички не поголеми од 2 цм и додајте ги во варивото па промешајте ги убаво.

  3. пиперката исецкајте ја на ситни четвртасти парченца и после десет минути додадете ги во варивото и промешајте ги па прекријте пофторно.

  4. После половина час пробајте ги задебелените листови од зелката дали се омекнати па додјте го исецканиот Патлиџан(домат) промешајте и повторно прекријте го да се раскуват Доматот. На крај исецкајте го Лукот и додајте го во јадењето.
  5. Пред крај штом зелката и компирот се варени направете запршка со Кромид, Пипер и Брашно’. Сипајте ја Запршката, исто и магданосот ситно исецкан  во варивото, промешајте и оставете да зоврие пробајте дали е по ваш укус за солено и по потреба додајте. Штом проврие со Запршката извадете ја оставете да се олади малку пред да ја послужите оваа укусна Зелка без Месо.

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento